Фудбал
21. јуни 2020 - 10:22

Натпреварот започна со минута молк за жртвите од Ковид-19, Антонио Филипини не можеше да ги задржи солзите

Без фудбал е тешко, но враќањето на фудбалот уште потешко, пред се емотивно. Синоќа со знак на судијата се вратија голем број на првенства кои беа откажани поради коронавирусот.

Потресна сцена се случи на Апенините, која судија даде знак за старт на натпреварот во Серија А и Серија Б, тренерот на Ливорно, Антонио Филипини не успеа да ги задржи солзите.

Фудбалската федерација одлучи сите натпревари да започнуваат со минута молк за починатите од коронавирусот. Италија е една од најпогодените земји во светот од оваа болест и многу луѓе останаа без своите најблиски.