Македонија
14. May 2017 - 9:31

Натпревар „Ослободи ја идејата“

Во организација на граѓанското здружение „Младите можат“ денеска ќе се одржи натпреварот „Ослободи ја идејата“.

Шесте тимови финалисти ќе имаат можност да ги претстават своите идеи пред публиката и жири-комисијата и да ги убедат во релевантноста, креативноста и иновативноста на решенијата за проблемите што ги лоцирале.

Дополнително, присутните ќе имаат можност да ги слушнат приказните за граѓански акции на двајца млади успешни говорници, чија цел е да укажат дека со упорност, посветеност и јасна визија, активизмот секогаш придонесува кон општествени промени и подобрувања.

Победничкиот тим ќе добие поддршка од „Младите можат“ за реализација на својата идеја.

Натпреварот е поддржан од Амбасадата на САД во Македонија.