НАТО загрижен поради предлозите за формирање на косовска војска
Северноатлантската алијанса денеска изрази сериозна загриженост поради предлозите на косовските власти за формирање на Армија на Република Косово, јави дописникот на МИА од Брисел.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг соопшти дека денеска разговарал со претседателот и со премиерот на Косово, Хашим Тачи и Иса Мустафа, за да им ја пренесе „сериозната загриженост“ на сојузниците на НАТО во врска со последните предлози од страна на косовските власти за трансформирање Косовските безбедносни сили (КБС) во вооружени сили, без уставни измени.
- Јас јасно им предочив дека унилатерални чекори, како што се овие, не се од помош, и ги повикувам властите во Косово да останат во близок контакт со Белград, истакна Столтенберг.
Според генералниот секретар на Алијансата, во последните неколку години, НАТО го поддржа развојот на Косовските безбедносини сили како професионални мултиетнички сили.
Токму затоа, вели Столтенберг, структурата, мандатот и мисијата на косовските сили се прашање на локалните институции на Косово во согласност со нивните уставни надлежности.
- Сепак, со цел мандатот на КБС да се развива на одреден начин, НАТО ќе мора да го ревидира своето ниво на посветеност, особено во поглед на градењето на капацитетите. Јас ова го ставив на знаење за време на мојата посета на Косово во февруари и истото го повторив во моите телефонски разговори денеска со Тачи и Мустафа, додаде Столтенберг.
Генералнуот секретар на НАТО на крајот порача дека останува во близок контакт со неговите колеги од Европската унија за ова прашање.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи