НАТО: Русија треба да гарантира пристап до украинските пристаништа на Азовското Море
НАТО денеска изрази загриженост за поморските воени вежби околу полуостровот Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година, и побара од Русија да гарантира слободен пристап до украинските пристаништа на Азовското Море.
– Ја повикуваме Русија да гарантира слободен пристап до украинските пристаништа во Азовското Море и да дозволи слободна пловидба, наведува Алијансата.
Ограничувањето на пристапот до одредени области во Црното Море и Керчкиот теснец, кој го поврзува со Азовското Море, би била „неоправдана акција“ и „дестабилизирачко однесување на Русија“, се додава во соопштението.
НАТО исто така ја повикува Русија веднаш да ги намали тензиите во регионот.
Русија до октомври ќе ја ограничи пловидбата на странски воени и службени бродови во три области околу Крим, од кои едната се наоѓа во близина на полуостровот Керч, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Оваа област е важна за извоз на пченица или челик произведен во Украина.
Руско-украинските тензии траат со недели. Киев, кој стравува дека Кремљ бара изговор за напад, ја обвини Русија за распоредување на над 80.000 војници долж источната граница на Украина и на полуостровот Крим.
Русија соопшти дека распоредувањето војници на границата не претставува закана, и го обвини Киев за подготовка на офанзива против проруските бунтовници во источна Украина.
Ново на Сител
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош