Свет
26. October 2016 - 14:05

НАТО разгледува можност за засилување на своето „источно крило“

Министрите за одбрана од НАТО на денешната средба во седиштето во Брисел ќе ја разгледуваат можноста за зголемување на присуството на Алијансата во Црното Море и во Летонија, Литванија, Естонија и Полска, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, пред почетокот на дводневното заседание. 

Тој забележа дека распоредувањето на четирите дополнителни баталјони е поврзано со распределувањето на руските воени сили по границата на Пактот. 

- Важно и неопходно е НАТО да одговори, кога забележува дополнително присуство на руски војници, појасни Столтенберг. - Русија покажа дека е подготвена да користи воена сила против своите соседи, го видовме тоа во Грузија и Украина, додаде тој. 

Генералниот секретар истакна дека од неодамна Русија врши ненајавени воени вежби и поставува нуклеарни ракети во Калининград. 

- Русија продолжува да ја дестабилизира источна Украина со укажување на поддршка на сепаратистите. Тоа не помага во непредливливоста на нашите односи. Руската поддршка за режимот на сирискиот претседател Башар Асад буди силна загриженост. Ја повикувам Русија да вложи вистински напори за ставање на крај на насилството и обезбедување на хуманитарен пристап до Алепо, објасни Столтенберг.