Свет
2. August 2019 - 13:49

НАТО поддржува силна контрола на оружјето по пропаста на ИНФ

Сојузниците на НАТО остануваат посветени на зачувување на ефикасноста на системот за контрола на оружјето по раскинувањето на Договорот за ликвидација на ракети за среден и краток дострел (ИНФ) и поддржуваат посилни мерки за тоа да се постигне, се вели во денешното соопштение на Северноатлантскиот совет.

Сојузниците се цврсто посветени на заштита на ефикасноста на меѓународната контрола на оружјето, разоружување и неширење оружје, се вели во соопштението.

Затоа, ние ќе продолжиме да ја поддржуваме и зајакнуваме контролата на оружјето, разоружувањето и неширењето како клучен елемент на евро-атлантската безбедност, се вели во соопштението.