-->
-->
НАТО мора да се фокусира на обезбедување на сопствената територија
-->
НАТО мора да се фокусира на обезбедување на сопствената територија, а не само за странските мисии, изјави германската канцеларка Ангела Меркел за време на посетата на тенковската бригада на Бундесверот во северна Германија.
Тоа беше прва посета на канцеларката за седум години на најголемата германска база во Минстер, каде што се сместени повеќе од 5.000 војници.
Ангела Меркел истакна дека обезбедувањето на сопствената територија повторно стана „важна задача”.
Таа, исто така, му вети на Бундесверот средства за задачите на НАТО, јавија германските медиуми.
Меркел се осврна и на политичкото значење на Силите со многу висока подготвеност кои НАТО ги оформи во 2015 година како директен одговор на судирот во источна Украина и потенцијалната руска агресија на источните граници на Алијансата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење