Свет
24. November 2015 - 13:28

НАТО ја следи одблизу ситуацијата, откако Турција го урна рускиот воен авион

НАТО ја следи одблизу ситуацијата и е во постојан контакт со турските власти, откако денеска Турција го урна рускиот воен авион, кој според Анкара го нарушил турскиот воздушен простор, изјави денеска претставник од НАТО.  

По барање на Турција во 17 часот по македонско време НАТО ќе одржи вонредна седница на амбасадорите од 28-те земји на која Турција ке ги информира сојузниците за уривањето на рускит авион.