НАТО ги повика сојузниците да се обединат за темите што ги сплотуваат, а не околу тие што ги делат
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ги повика Холандија, Германија и Турција, кои влегоа во жесток вербален конфликт за референдумот за турското државно управување, да го намалат тонот и да се обединат околу тоа што ги сплотува, а не да бараат теми кои водат кон поделби.
Тензичната дебата е во срцето на демократијата, но неопходно е взаемно почитување, ги повикувам сите сојузници да го покажат тоа и да го зачуваат мирот, изјави Столтенберг. - Важно е да се фокусираме на заедничките закани, а не на темите кои не делат. Важно е да има дијалог, додаде тој по повод заладувањето на односите меѓу посочените три држави членки на Алијансата.
- Референдумот ќе го определи видот на власта во Турција, ќе го признаеме резултатот, добро е доколку процесот биде демократски. Секоја држава членка на НАТО сама решава дали нејзиното управување ќе биде претседателско или парламентарно, додаде генералниот секретар.
Тој информира дека оставарил контакти со владите на Холандија и Турција, кои ги повикал да го зачуваат мирот.
- Не можам да споделам детали за разговорите, но навистина верувам дека треба да се фокусираме врз опасностите надвор од границите на НАТО, посочи Столтенберг.
Ново на Сител
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс