Македонија
21. August 2018 - 16:42

НАТО ги испорача условите, владата ќе мора да вложи голем труд за да ги исполни

Македонија има 18 месеци за реализирање на условите за прием во НАТО. Списокот со упатствата се веќе пристигнати во владата, пренесува државната агенција МИА. Во документот испратен од генералниот секретар Столтенберг, покрај политички услови  се наведени и голем број реформи од  сферата на безбедноста,  одбрана и владеењето на правото.  Експертската јавност посочува дека владата ќе треба  навистина да се потруди за да ги заврши своите обврски.

Во фокусот на Алијанасата пред се е усогласувањето на стандардите на македонската армија  и безбедбносните структури со оние на НАТО. Еден од приоритетите е  модернизирање на војската , за што ќе бидат потребни и фннасиски средства.

Од Владата посочуваат дека Македонија мора да декларира посветеност дека ќе се придржува до  политичките стандарди на НАЛијансата , но и напоредно да изработи програма за продолжување на реформите.

Во текот на пристапните разговори, Република Македонија ќе треба да потврди дека целосно ги прифаќа одредбите од основачкиот договор на НАТО и сите политички и правни стандарди на Алијансата, и да потврди дека го прифаќа процесот на одбранбено планирање на НАТО и врската со воените структури, се вели во соопштението на Владата