НАТО апелира на смирување на тензиите меѓу Турција и Русија
Советот на НАТО денеска одржа вонреден состанок во врска со соборувањето на рускиот авион од страна на турски ловец, на кој е оценето дека треба да се постигнат и да се почитуваат договори за избегнување вакви инциденти во иднина.
- Јасно повторувавме дека изразуваме солидарнист со Турција и поддршка на територијалниот интегритет на нашиот сојузник, се наведува во писмената изјава на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг објавен по состанокот.
Столтенберг натаму нагласува дека за настанот разговарал со турскиот премиер Ахмед Давутоглу, како и дека Турција го информирала НАТО оти соборила авион на руското Воено воздухопловство, кој го нарушил турскиот воздушен простор.
- И предходно изразував загриженост поради можните последици од воените акции на Русија во близина на границите на НАТО, наведува Столтенберг во изјавата, додавајќи дека Алијансата внимателно ќе го следи развојот на настаните на своите југоисточни граници.
Првиот човек на НАТО натаму апелира за продолжување на контактите меѓу Анкара и Москва и повикува на смирување на тензиите и на деескалација на состојбата.
- Дипломатијата и деескалацијата се значајни за надминување на сегашната ситуација, порача Столтенберг во писмената изјава.
Ново на Сител
-
ДИК: 46,36% oбработени
-
ВМРО-ДПМНЕ: Обработени 13,44% од гласовите - Силјановска Давкова 109.692, Пендаровски 48.553
-
Тошковски и Бојмацалиев: Граѓаните гласаа за избор на Претседател на државата, во мирна, безбедна и демократска атмосфера
-
ВМРО-ДПМНЕ: Од обработени 8,21% Силјановска Давкова 66.482, Пендаровски 28.490
-
Ѓорчев: На 15% на ниво на Македонија Силјановска Давкова 43.466, Пендаровски 18.213
-
ЈО: До затворање на избирачките места не е пристигната ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите
-
Три случаи на фотографирање и два случаи на кинење на гласачкото ливче, соопштува МВР
-
Муцунски: Овој ден е почеток на крајот на оваа власт