Живот
30. September 2018 - 12:50

Натерале тригодишно девојче да гледа додека му пукаат во таткото: Шетал со ќерката кога го нападнала опасна банда во Њуујорк

Тричлена банда го нападнала таткото кој шетал тригодишно девојче и го раниле во нога.

Мажот на возраст од 30 години и неговата ќерка биле мета на разбојници додека мирно шетале по улиците на Њујорк.

Кога запукале по нив, таткото ја зел својата ќерка и почнал да трча, но бандата ги следела и на крајот ги пронашла.

Како што се гледа на снимакта, која ја објави њујоршката полиција, тие девојчето го одвоиле од таткото, така што гледа во негов правец, а потоа еден од нив го застрелал во неговата десна нога. Потоа тие побегнале, оставајќи го девојчето само со ранетиот татко.

Од итната помош е соопштено дека мажот е во стабилна состојба, додека девојчето е непровредено.