Џет-Сет
16. March 2017 - 9:46

Наташа Беквалац збесна: Донесе важна животна одлука преку ноќ

Наташа Беквалац деновиве е во центарот на вниманието по веста дека сопругот ја изневерил, па реши да направи важен чекор. 

Како што дознава српскиот Курир, таа преку ноќ донела важна животна одлука да се разведе од сопругот Љуба, иако тој тврди дека не ја изневерил. Извор вели дека Љуба бил изненаден о одлуката на Наташа иако имале несогласувања, бар така му раскажал на пријателот. Таа му рекла да си ги спакува куферите и да си замине.

Тој се обидел да ја разубеди Наташа да не се разведат, но таа била одлучна. 

- Мораше набрзина да се исели, седи во хотел бидејќи немаше време да бара стан, вели пријателот за српскиот Курир.

Наташа досега не се огласи за неверството и одлуките.