Џет-Сет
3. May 2017 - 16:43

Наташа Беквалац првпат се појави на Макфест во Штип, еве како изгледаше на почетокот на кариерата

Наташа Беквалац повторно е во жижата на јавноста откако српските медиуми објавија дека повторно е вљубена, многу брзо по разводот од Љуба Јовановиќ. Новосадската барбика денеска е вистинска заводничка, а пред 18 години изгледаше многу поинаку.

Имено, поп пејачката, веќе со години ги мами машките воздишки, а на музичката сцена се појави одамна, кон крајот на деведесеттите години.

Малку кој се сеќава на нејзините почетоци и како Наташа тогаш изгледала.

Нејзиниот стил до денес потполно се промени, но препознатливата руса коса остана нејзин заштитен знак.

И на почетокот на кариерата, пејачата исто така беше згодна, но не можеше да се пофали со бујни гради. Таа градите ги зголеми неколку години подоцна, па сега гордо ги истакнува.

/