Џет-Сет
23. September 2017 - 14:57

Наташа Беквалац пред венчавката ги шокираше сите: Донесе сосема неочекувана одлука

Пејачката Наташа Беквалац по два пропаднати бракови повторно застанува на лудиот камен, а со новата одлука ги изненади сите.

Имено, пејачката во текот на првиот и вториот брак го задржа презимето Беквалац во официјалните документи, но овој пат одлучи да го земе на Лука.

Оваа одлука ги изненади сите во нејзиното семејство па и пријателите.

„Вистина е дека долго се мислеше дали да го земе презимето на Лука или не. Од една страна не сакаше по 36 години живот  да се откаже од татковото презиме, зошто тоа не го направи ни во претходните два брака, а од друга страна, сакаше овој пат да биде поинаку, и со овој гест да му покаже на Лука колку го сака“, вели извор близок до Беквалац.

Наташа моментално е на Ибица каде со Лука ги очекуваат роднините и пријателите да присуствуваат на церемонијата на венчавање.