Македонија
27. February 2019 - 13:13

Наталитетот зголемен за пет, морталитетот за 9,1 отсто - 48 доенчиња починале за 3 месеци лани

Бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2018 година, во споредба со истиот период од претходната година, е зголемен за 5.0 отсто и изнесува 5 597 живородени деца, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемување за 9,1 отсто бележи и бројот на умрените лица и изнесува 5 405, а од нив 48 се умрени доенчиња.

Природниот прираст изнесува 192, што значи дека за толку лица е поголем бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во последниот квартал лани биле склучени 3 261 брак, што е за 6.4 проценти повеќе од исиот период во 2017.

Во октомври, ноември и декември минатата година се разведени 442 брака.