Живот
14. July 2018 - 10:59

Наставникот ја турна во смрт: Девојка не сакала да учествува во вежби за спасување и тоа го плати со животот

Ученичка во Индија загина откако наставник ја натерал да учествува во вежба за спасување.

Н. Локешари (19) загина откако во четвртокот била турната од тераса на вториот кат од колеџот од страна на својот инструктор Р. Армугама во текот на редовните училишни вежби.

Несреќната студентка прво се пријавила како доброволец за противпожарните вежби, но потоа се откажала. Таа нејзина одлука не му се допаднала на инструкторот, па прво ја убедувал, а потоа и ја натерал да скокне.

За жал, нејзиниот скок завршил трагично, бидејќи таа и покрај хоспитализацијата, починала.

Како што изјавија од полицијата, инструкторот е уапсен и ќе биде обвинет за предизвикување смрт од небрежност. Исто така се истражува и кој ги организирал вежбите, бидејќи инструкторот немал овластување за тоа.

Како што пренесуваат локалните индиски медиуми, инструкторот немал сертификат, а од колеџот не побарале официјална дозвола за правење вежби.