НАСЛЕДНИЦИ

Loading Video...

“Наследници” е популарна серија која го повтори успехот на вашите омилени серии "Вљубениот ерген" и "Сезона на црешите". Нова вечерна релаксација со новите телевизиски јунаци кои ќе ве насмеат и потсетат дека ништо во животот не може да биде случајно.

Младиот и згоден Онур доаѓа од богата фамилија и е потенцијален кандидат за наследник на семејниот бизнис. Но, Онур, како и неговиот братучед Ерол не се мачи со ништо во животот, ужива секојдневно и ни на крај памет не му е да се жени. Работите се менуваат кога умира нивниот дедо. Тој остава снимка во која потенцира дека оној кој прв ќе се ожени од внуците и ќе добие бебе ќе биде тој што ќе го наследи бизнисот. Од тој момент, родителите на Онур започнуваат борба за наследството. Започнуваат да го форсираат синот да се жени, му договараат средби со богати девојки и не го оставаат на мира. Истото го прават и родителите на Ерол. Прашање е само кој од наследниците прв ќе се ожени.

Па така, при еден договорен состанок од неговата мајка, Онур ја запознава младата Лале во еден ресторан. Онур е договорен да се запознае со друга девојка, а и Лале е договорена да запознае друг Онур, но патиштата им се вкрстуваат случајно и двајцата млади се запознаваат. Таа луда ноќ ќе ги зближи убавата цвеќарка и згодниот наследник и токму таа ноќ засекогаш ќе ѝм ги промени животите на двајцата. Лале и Онур се опиваат, ја поминуваат ноќта заедно, а утредента не се сеќаваат на ништо и се разидуваат. По неколку месеци, Лале дознава дека е бремена и нејзината мајка ја приморува да го побара таткото на детето и да се омажи за него. Дали неочекуваната бременост ќе го натера Онур да се ожени со девојка која воедно и не ја познава? Дали бременоста на Лале е клучот кон наследството за Онур и неговите родители? Наследници е топла и необична приказна за магичната љубов на два различни света. Љубов која се раѓа по грешка, но која ветува весела пролет и лето со незаборавни доживувања на новите ликови од оваа романтична комедија.

Улоги : Демет Оздемир (Лале), Фуркан Палали (Онур), Ирем Хелваџиоглу (Пелинсу), Зумру Јавруџак (Шонгул), Фатма Топтас (Нилуфер)