Бизнис
25. November 2019 - 22:14

Наскоро започнува субвенционирањето за инвертери

За една до две недели граѓаните и компаниите ќе можат да се јават на повикот за субвенционирање на инвертери, вели директорот на ЕСМ, Ковачевски. Според него, обезбедени се парите, подготвена е и програмата од Министерството за животна средина, а се чека Владата да ги усвои статутните измени на компанијата. Ковачевски уверува, новите инвертери не може да го загрозат енергетскиот систем.

-Овие инвертери не трошат толку електрична енергија колку што се мисли дека ќе бидат ја зголемат потрошувачката на енергија. Секако дека нашата компанија е подготвена да ги задоволи сите потреби, сите капацитети се на располагање. Влезени сме длабоко во грејната сезона. Иако оваа година имавме намалена хидрологија, сепак термоелектраните го надополнија тој недостаток и очекуваме до крајот на годината производството за 2019 година да биде за 3 отсто поголемо од минатата, вели Ковачевски.

Мерката предвидува субвенционирање до 60.000 денари, а тука влегуваат и трошоците за монтажа и персоналниот данок.

Регулаторната комисија за енергетика даде и зелено светло ЕСМ преку фирмите ќерки да се вклучи во пазарот на енергија на мало.

-Ние очекуваме дека ова ќе биде додана вредност на Електрани на Северна Македонија имајќи предвид дека и нивните обврски во однос на снабдубањето на малите потрошувачи и домаќинствата, поради излегувањето на слободен пазар на повеќе потрошувачи. Така што, во ред е ЕСМ да биде поактивен на пазарот на мало, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.

Според Бислимовски, ЕСМ ќе снабдува 100 отсто од потребите на малите потрошувачи и граѓаните.