Бизнис
13. September 2017 - 13:19

Наскоро возобновување на директната авионска линија Скопје - Сараево

Наскоро се очекува да биде возобновена директната авионска линија меѓу Сараево - Скопје, најавија денеска во Скопје министрите за транспорт на двете држави Горан Сугарески и Исмир Јуско.

Двајцата министри на прес-конференција во македонската Влада истакнаа дека заложбите на двете влади ќе бидат најскоро што може да биде воспоставена оваа авионска линија.

Решавањето на ова прашање, според министерот Сугарески, е од исклучително значење за двете држави. - Се надеваме дека оваа авионска линија која пред неколку години е укината ќе биде повторно активирана во најбрз можен рок се со цел граѓаните да можат на најбрз можен начин да стигнат до Сараево и до Скопје, истакна Сугарески.

Со воспоставувањето на авионската линија меѓу главните градови на двете држави се очекува дека ќе се олесни комуникацијата меѓу граѓаните и бизнис секторот.

Меѓу Македонија и Босна и Херцеговина од 2004 година постои билатерална спогодба за воздушен сообраќај.