Бизнис
12. July 2015 - 16:29

Наскоро треба да биде објавен оглас за доделување околу 10 илјади хектари државно земјоделско земјиште

Наскоро  оглас за доделување на околу 10. 000 хектари  државно земјоделско земјиште.  Половина од земјиштето ќе биде за лица кои сакаат да земат до три хектари, а половина за компании на кои им треба поголма површина односно над три хектари земјиште. 

- До три хектари е за оние кои сакаат  помал бизнис кои најчесто е во атарот на селото, а над три хектари за оние кои сакаат посеризен поголем бизнис какви што се инвестициите на фирмите. Ова набргу треба да помине низ сите владини процедури, рече премиерот Никола Груевски.

На оние на кои им се потребни над три хектари, земјиштето се наоѓа во струшкиот, ресенскиот и свети николскиот регион и тие освен што ќе го земат земјиштето ќе треба да направат и дополнителни инвестиции.

- До 5. 000 хетари на  располагање ќе имаат оние кои сакаат да откупуваат до три хеткари , а исто толку на располагање  ќе имаат и  компаниите на кои ќе им биоде потреба поголма површина за инвестициите.   Оние кои ќе земјат земјиште до три хектари ќе бидат лица кои по првпат земаат земјоделско земјиште, рече Груевски

Груевски се надева дека целата процедура ќе биде успешно завршена, а земјиштето ќе биде добро искористено.