Наскоро почнува изградбата на ИКТ центарот во Прилеп | Сител Телевизија
Македонија
19. April 2018 - 17:45

Наскоро почнува изградбата на ИКТ центарот во Прилеп

 ИКТ Центарот во Прилеп ќе почне да се гради набрзо и треба да биде завршен за осум месеци, најави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета на Прилеп при која на градоначалникот Илија Јованоски му врачи плакета за соработката со Министерството при изградбата на ИКТ Центарот кај прилепската касарна „Мирче Ацев“. Имено општината го ослободила Министерството за плаќање комунални такси.

- „ИКТ-Центарот е од посебно значење на Министерството за внатрешни работи, а е проект финансиран од Европската унија. Објектот е од витално безбедносно значење. Значи „бекап“ на сите податоци на институциите во државата во случај на елементарни непогоди. Од безбедноен аспект одлучивме дека е најсоодветно да се изгради во Прилеп, изјави Спасовски.

Тој и приелпскиот градоначалник Илија Јованоски разговараа за безбедносната состојба во Прилеп, а од особено значење за граѓаните е враќањето на „маалскиот полицаец“.

- Разговараме за давањето насоки за позорната служба или „маалскиот полицаец“, за активирањето на советите за превенција со конкретен акциски план за посета на сите месни заедници во општините, заедно со припадниците на МВР, да се разговара за проблемите на граѓаните и така да придонесеме за враќање на довербата на македонската полиција кај граѓаните. Се договоривме за заеднички пристап за средување на сообраќајниот хаос преку интензивна работа и плански пристап на проблемот, рече Спасовски.

Приелпскиот градоначалник Илија Јованоски изрази задоволство од соработката со Министерството за внатрешни работи.

- Со министерот Спасовски разговаравме за безбедносната состојба во нашиот град и за сето она  што е клучно за степенот на безбедноста во градот, а соработката на локалната самоуправа со Министерството е клучна, рече Јованоски