Џет-Сет
5. May 2017 - 11:45

Наскоро излегувам од болница“: Ване Маркоски ја откри причината зошто го снема од ТВ екраните!

Веќе неколку дена популарниот водител Ване Маркоски го снема од телевизискиот и радискиот етер, а на негово место во емисијата „Вип сезона“ се појави водителката Јелена Спенџарска.

По тој повод Ване се почувствува повикан да и ја открие на јавноста причината за тоа, односно дека периодов се справува со здравствени проблеми. Во својот статус кој го напиша на Фејсбук, вели дека деновиве се изнаслушал разни шпекулации за себе, но среќен е поради тоа што здравствената состојба му е стабилна.

Не сакав да го пишам ова, но, после емисијата денеска, каде ве дружеше мојата колешка Јелена, морам вака да одговорам, бидејќи ова е најмалку што можам да го направам за луѓето кои ги сакам и ме сакаат:

Ви благодарам од се срце за грижата и пораките, посебно изминатиов час.

Добро сум и ќе бидам добро. Се случи, мала компликација со здравјето, најверојатно поради лоша храна, можеби поради невниманието каде јадам или пијам … но веќе се е во ред. Важно сум здрав како дрен!
Со денови бев во исчекување да знам што точно се случува со моето здравје и дефинитивно тоа беше еден од полошите периоди во мојот живот. Но, кога веќе си тука, фино е да си направиш целосни проверки. Сепак, живот, поминува. Старееме…Од се учиме, така и од ова животно искуство.
Многу е убаво чувството кога ќе ви кажат дека сте целосно здрав. На сите го посакувам тоа. Затоа од денеска сум повторно среќен. Кога не знаете што ви се случува и кога сте на некој начин без помошни, всушност ги откривате и вистинските луѓе околу вас.
Во деновите кога не знаев што ми е, разбрав муабети дека сум на смртна постела и разно разни глупости ,но, тоа не ме изненади. Можеби малку болеше, бидејќи не верував дека можеме да одиме до толку, но… човек, изненадува се повеќе, од ден за ден. Овие денови со мене беа луѓето кои ми се во животот. Благодарам и на директорите од мојата матична Канал 5 и на целиот медицински персонал. Сите тие за навек имаат место во моето срце и душа. Добро сум и наскоро излегувам од болница. Ќе внимавам што и каде јадам. Ќе се чувам повеќе. Правете го тоа и вие.  Ви благодарам уште еднаш за сите пораки и сета грижа. Од денеска за мене животот има два дела, пред и потоа.
Ништо не е поважно од здравјето, семејството и луѓето што ги сакаш.
Не посакувам на никој да се соочи со човековото незнаење и немарност, како што јас се соочив овие неколку дена.
Чувајте го здравјето!

Му посакуваме брзо закрепнување и со нови сили и енергија да и се врати на својата публика.