Џет-Сет
24. July 2015 - 21:16

Наскоро филмска верзија на „Чувари на плажата“

За обожавателите кои неможат да чекаат да го видат Двејн Џонсон, како трча по плажата во стилот на Дејвид Хаселхоф, односно Мич Бјукенон, се чини дека има и добри вести.

Имено, наскоро ќе почне филмската адапатција хит серијата „Чувари на плажата“.

Минатата година во октомври Џонсон на Инстаграм потврди дека ќенастапува во филмската верзија на популарната телевизиска серија од 90-те години на минатиот век.

- Гласините се вистинити... Работиме на фимот „Чувари на плажата..., напиша тој тогаш.

А „Вараети“ вчера објави дека Сет Гордон преговора за режирање на филмот во кој Џонсон би требало да игра една од главните улоги, а ќе учествува и во продукцијата преку неговата компанија „Севан Бакс Продакшн“.