Насилникот мавтал со нож кон полицијата и лекарите - детали за кобната ноќ во Куманово
Порталот Кумановски муабети објави детали за полицаецот кој вчера беше убиен додека интервенирал при семејно насилство во Куманово. Итната помош ги демантира податоците дека полицаецот починал на лице место. Според нив, полицаецот починал во болницата и покрај напорите на лекарите.
- На интервенцијата за семејно насилство отидовме заедно со полицијата. Насилникот кој го малтретирал своето семејство со нож во рацете мавташе кон лекарите и полицајците при што му нанесе повреди на полицискиот службеник. Истиот веднаш од страна на лекарите беше транспортиран во возилото на Итната медицинска помош каде го реанимиравме и го одржавме во живот. Потоа како итен случај беше пренесен во операционата сала на Одделениот за хирургија во кумановската болница каде им подлегна на повредите – велат од кумановската Брза помош за Кумановски Муабети.
За потсетување, полицаецот беше прободен со нож при интервенција за семејно насилство во кумановската населба Средорек.
МВР ќе изнесе повеќе детали за немилиот настан во текот на денешниот ден.
Ново на Сител
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина