Македонија
3. April 2020 - 11:19

Насилниците од Штип кои тепаа девојче не можат да најдат адвокат да ги брани

Двајцата насилници од Штип 24 часа по приведувањето во СВР Штип сé уште се без бранител пишува Тв Стар. Судијата по претходна постапка Олгица Павлова, во секој момент треба да одлучува за нивниот притвор, но тоа е невозможно доколку осомничените немаат правен застапник. Според информации на ТВ Стар, сите повикани адвокати, до утринските часови, одбиле правна помош или биле зафатени со други предмети, па од тие причини тие биле оставени исказите во полицијата да ги даваат сами.