Македонија
28. April 2020 - 17:02

Насилниците кои тепаа девојка во Штип признаа вина

Обвинетите во случајот со тепаното девојче ја признаа вината и изразија каење пред судот за стореното насилство. Подготвени се и материјално да ја обесштетат жртвата.

Свесни се за последиците, тоа е тоа. Праќаат јасна порака дека во иднина ниту тие ќе сторат такво нешто, ниту пак би посакале било кој друг да го прави тоа- изјави Валентин Зафиров, адвокат на обвинетите.

Адвокатот на оштетената, изјави дека очекувано било тие да ја признаат вината, а согласно Законот за кривична постапка, во вакви услови не се пристапува кон изведување на други докази. Меѓутоа, врз основа на Истамбулската конвенција, во вакви случаи се предвидени отежнителни околности.

Цела јавност беше вклучена во овој спор. Се вклучи во одбрана на жртвата. Станува збор за жена, односно девојка, така што очекуваме висока казна, без оглед на олеснителната околност што обвинетите признаа вина- изјави Билјана Андонова, адвокат на оштетената.

Зафиров рече дека имале фер судење и се надева дека и одлуката ќе биде таква, независно од судот на јавноста.

Нема оправдување притисокот на јавноста да влијае врз одлуката за казната- додаде Зафиров

Девојката е во незавидна положба, вели Андонова, без намера дополнително да ја виктимизира, а од страна на невладината „Ехо“ од Штип и е даде психолошка, социолошка и правна помош. Читањето на пресудата е закажано за во четврток, 30-ти април, а на обвинетите им се заканува затворска казна од 6 месеци до 5 години.