Loading Video...
Балкан
8. July 2020 - 12:56

Насилни протести во Србија: Повредени 43 полицајци и 17 демонстранти

Протестите во Белград започнаа мирно во знак на незадоволство  поради повторното воведување на полициски  час, но потоа ситуацијата кулминираше. Во еден момент, дел од незадоволните насилно се обидоа да влезат во Собранието. Полицијата со пендреци ги исфрли од холот.

Судирите мегу полицијата и демонстрантите потоа продолжија околу Собранието и низ белградските улици. Полицијата со солзавец се обиде да ги разбие демонстрациите и да ги потисне на периферијата, им беше вратено со камења и запалени шишиња.

Демонстрантите почнаа да се повлекуваат дури откако беше ангажирана коњичката полиција. Во тие моменти беа запалени и 5 полициски возила.

Повлекувајки се пред полициските сили, граганите пред камерите револтирано ја коментираа политиката на власта за време на корона кризата.

Во протестите повредени се десетици грагани и полицајци. На видеата постирани на социјалните мрежи и преку медими се гледа употреба на прекумерна сила и агресивност од двете страни, некои пак настрадаа затоа што седеа на клупа.

Директорот на полицијата деенска соопшти дека во вчерапшните протести се упасени дваесетина лица, мегу кои  и организаторот на упадот во Собранеито, Дамњан Кнежевик познат како водач на таканаречените народни патроли против миграните.