Насилни протести во Лондон поради смртта на млад Aфроамериканец
Шестмина полицајци се повредени, а четири лица се уапсени и задржани во притвор по насилните демонстрации во Лондон, поради смртта на еден млад Афроамериканец за кого се тврди дека починал како последица од „бруталното тепање“ од припадници на лондонската Метрополитен полиција.
Учесниците во протестот, што требало да биде мирен и да се насочи само кон „насилството“ на полицијата, се собрале пред зградата на полицијата во општината Братфорд, во источниот дел од британскиот главен град, барајќи „правда за убиениот“.
Но, демонстрациите станале насилни, откако дел од насобраната толпа почнале да фрлаат камења и тули кон полицајците и се обидувале да подметнат пожари.
Младиот Едир Фредерико да Коста (25), татко на едно малолетно дете, почина на 21 јуни во една лондонска болница, по инцидентот со полицијата, што се случил шест денови пред тоа.
Да Коста бил запрен од полицајците при рутинска сообраќајна контрола, додека во возилото имало уште три други лица. Настанала расправија во која полицајците употребиле и сила.
Блиските на починатиот и активисти за човекови права, ја обвинуваат полицијата дека од тепањето, Да Коста имал скршеници во вратот и грбот и тешки повреди на главата и внатрешно крварење, поради што и починал.
Полицијата отвори истрага за случајот и за однесувањето на полицајците, но во првичната реакција се отфрлаат сите вакви обвинувања и се тврди дека има „многу лажни и неточни информации“ за инцидентот.
Од шестмината повредени полицајци, четворица се ноѓаат на болничко лекување.
Ново на Сител
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи