Свет
6. April 2019 - 14:27

НАСА тестираше ракетен мотор за експедиција на Месечината

Американската Агенција за истражување на вселената (НАСА) тестираше ракетен мотор РС-25, кој планира да го користи за свои експедиции на Месечината, јави агенцијата Анадолија.

Во соопштението на НАСА се наведува дека моторот С-25, кој е планиран за лансирање ракети на Месечината, е тестиран во вселенскиот центар Стенис во Мисисипи, САД.

Тестирањето на системот на фирмата „Аероџет Рокетдин“ (Aerojet Rocketdyne) било успешно извршено. Планирано е РС-25 да го замени постоечкиот мотор „Спејс ланч систем“ (SLS), информира Анадолија.