НАСА објави снимка од вселената: САД бројат часови од ударот на ураганот „Флоренс“
Долги колони од автомобили се формираа на патиштата на источниот брег на САД, каде населението почна евакуација кон внатрешноста, пред налетот на ураганот Флоренс, за кој експертите велат дека може да биде еден од најкатастрофалните досега.
Повеќе од еден милион луѓе од вкупно пет во погодените области се во движење. Ударот се очекува во следните 48 часа.
- Оваа бура е чудовиште. Голема е и злобна. Ова е историски ураган, екстремно опасен по живот. Тоа е причината зошто нареди взадолжителна евакуација на островите и барам од жителите на Северна Каролина да ги послушаат наредбите за евакуација по должината на брегот, изјави Рој Купер, гувернер на Северна Каролина.
Ураганот е во четврта категорија, но се очекува да премине во петта - што значи дека налетите на ветрот ќе бидат посилни од 250 километри на час. Штетата може да биде огромна, а жителите на Северна и Јужна Каролина се подготвуваат. Луѓето главно се снабдиле со најосновните намирници и сега голем дел од продавниците се празни.
Џеф Бајерд, претставник на Федералната управа за вонредни ситуации истакна дека ураганот Флоренс ќе биде „како удар на Мајк Тајсон по крајбрежјето на Северна и Јужна Каролина“.
Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека безбедноста на американските граѓани му е на прво место.
- Не жалиме за трошоците. Ние сме целосно подготвени, рече Трамп.
Објавени се снимки од ураганот „Флоренс“ снимени од Меѓународната вселенска станица.
Ново на Сител
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри