НАСА: На Гренланд има доволно мраз за да го зголеми нивото на морињата за 7,5 метри
Американската вселенска агенција НАСА постави на Гренланд база за својата научна програма ОМГ (Oceans Melting Greenland – Oceani tope Grenland).
Океанографите на НАСА не истражуваат само колку високите температури на воздухот влијаат врз топењето на мразот, туку и какво влијание на тоа има се потоплиот океан кој одоздола го топи глечерот.
На 2 август оваа година на Гренланд се стопија 12,5 милијарди тони мраз во еден ден, што влезе во историјата како датум кога е регистрирано досега најголемо губење на ледената покривка, што се случи по големиот бран горештини кои ги зафатија САД и Европа.
– На Гренланд има доволно мраз за да го подигне нивото на морињата за 7,5 метри, што е огромно количество мраз и тоа ќе биде катастрофално за крајбрежните подрачја низ светот, изјави океанографот Џош Вилис, кој ја води програмата ОМГ.
Тој додаде дека поради тоа ќе треба „да се повлекуваме од брегот, доколку се соочиме со толку изгубени метри во следниот век или два“.
Гренланд има влијание на целата планета, бидејќи милијарди тони мраз кои се топат го подигнуваат нивото на морињата во Австралија, Азија, САД, Европа.
– Сите ние сме поврзани со ист океан, истакна Вилис.
Ново на Сител
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та