НАСА ги објави пораките испратени до „вонземјаните“
Американската Национална вселенска и аеронаутичка администрација (НАСА) на интернет ги објави целосните содржини на златните плочи што во 1977 година со сондите „Војаџер 1“ и „Војаџер 2“ беа испратени во Вселената, каде би можеле да бидат пронајдени и преслушани од некои напреднати вонземски суштества.
На плочите се снимени разни звучни запси од Земјата, како звуци на дожд, возови и автомобили, верски содржини и гласови од некои животни, како китови, мајмуни и слонови и пеење на птици.
Покрај тоа, плочите содржат и музика од различни жанрови и од различни периоди. Ако „вонземјаните“ ги пронајдат ќе можат да уживаат во музиката на Бах, Моцарт, Чак Бери, Луис Армстронг и многу други, но и етно песни од Кина, Перу и други земји и народи.
Целта била на овој начин на „вознемјаните“ да им се претстават Земјата и човештвото.
- Сакаме да им раскажеме приказна за нашиот свет, порача НАСА.
Покрај звукот, на плочите се наоѓаат и фотографии, вкупно 115 парчиња кои прикажуват најпознати сцени од Планетата и шема на Сончевиот систем и објаснување на дигиталниот систем.
Меѓу звучните записи испратени во Вселената се и поздрави до вонземјаните на 55 јазици.
Записите кои се испратени се селектирани од одборот на чело со Карл Саган од Универзитетот „Корнел“. Секоја од плочите е заштитена со алуминиумски слој, а покрај плочата испратени се и упатства напишани со помош на посебни симболи и објаснувња од каде сето тоа доаѓа и зошто.
Ново на Сител
-
Погребна фирма во САД проневерила државна помош - не ги погребувала и кремирала телата
-
Да ѝ помогнеме на Моника Бојковска да оздрави
-
Арсовска: Нема да поминат заканите за тужба, да се одговори кога е осигуран објектот на Универзална сала
-
Албанец одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик
-
Османи: На затворена седница ќе презентирам информации за Бањска, а Владата ќе одлучи за натамошно учество во „Отворен Балкан“
-
Градоначалник на скопска општина доби кривична за прекршување на Законот за заштита на деца
-
Грејната сезона продолжува поради временските услови
-
Османи: За предметот „Пациент“ на СЈО немаше обвинение, мојот противкандидат нема идеи во оваа изборна кампања