Македонија
24. January 2016 - 15:21

НАРОДОТ ЌЕ ПОРАЧА: Не може криминалец и измамник да дојде на власт за де факто прв човек на државата

 
Третата порака на народот ќе биде: Не може криминалец и измамник да дојде на власт за де факто прв човек на државата. Не може. Колку сака нека е богат и нека има пари, колку сака нека го подготвуваат однадвор, како што вели тој во неговите СМС пораки до еден друг лидер на партија, рече претседателот ан ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето обраќање.
 
-Неможе човек кој цела кариера делел тендери на сите членови на неговата фамилија, барал поткупи од бизнисмени, соработувал со криминалци и фалсификатори, човек кој секој ден ги менува сопствените ставови заради личен интерес, да им биде премиер. Сите криминалци со политички амбиции кои во иднина  ќе помислат дека преку поткупи, измами, монтирани снимки, ставања на земјата и народот во залог, држење под тензија на цела држава, активности со кои се одвраќаат инвеститорите и отворањето на толку посакуваните работни места, ќе се обидат да добијат нешто за себе, ќе добијат клоца од убедливото мнозинство народ во оваа земја и тоа на првите наредни избори преку масовно излегување и гласање, рече Груевски.