Македонија
29. November 2017 - 16:27

Народниот правобранител бара целосно расчистување на случајот „лекови“

По информациите за сомнителни лекови во земјава преку паралелен увоз од Турција, надлежните здравствени институции не откриваат за која терапија станува збор и дали е загрозено здравјето на граѓаните. Нема ниту конкретни објаснувања за безбедноста и квалитетот на тие лекови.

Овој случај по допрен глас го испитува и обвинителството. Во меѓувреме реагираше поранешната Национална комисија за дијабетес. Тие тврдат дека инсулинот во земјава е безбеден, во спротивно Клиниката за ендокринологија ќе била полна со пациенти со компликации, но не било така.

- Неколкуте лица кои во континуитет изминативе години, а и деновиве, даваат опасни и целосно невистинити изјави, дека инсулините се неквалитетни и недејствуваат, во повеќе наврати беа повикувани да го пријават тоа во надлежните институции за да се испитаат инсулините што ги користат и вистинито стана овие тврдења; но, зажал,тоа никогаш не го направија, се вели во дописот до јавноста од поранешните членови на Комисјата.

Вчера пак од канцеларијата на народниот правобранител побараа измени на законот за лекови и да има стручен надзор и контрола на лековите кои преку паралелен увоз доаѓаат од трети земји, најчесто од Турција.