Бизнис
11. January 2017 - 19:47

Народната банка ја намали референтната камата за 0,25 процентни поени, се чека банките да ги поевтинат кредитите

Народната банка ја намали референтната камата за 0,25 процентни поени, што е второ намалување на каматата за неполн месец.  Благајничките записи сега банките ќе ги купуваат со камата од 3,5 отсто. Одлуката на Комитетот на Народната банка се должи на  натамошно стабилизирање на очекувањата на економските субјекти и на растот на ликвидноста на банкарскиот сектор. Показателите упатуваат на помал буџетски дефицит во споредба со претходната година, висок раст на ликвидноста  во банкарскиот систем, раст на девизните резерви , вкупните депозити на фирмите, како и раст на заштедите на домаќинставта. Во исто време забележано е забрзување на  кредитирањето, пред се на приватниот сектор. Оценките за стабилност на економските фундаменти остануваат позитивни. Ризиците од домашните политички случувања се ублажени, но и понатаму присутни, се наведува во соопштението на Народната банка. Со ваквиот потег сега се очекува и деловните банки да ги намалат каматите. Прво на заштедите, а потоа и на кредитите.