Народна техника од Берово одбележа 70 години од основањето
Народна тeхника од Берово денеска прослави 70 години од постоењето и по тој повод им беа доделени признанија и награди на талентираните иноватори од Делчево, Берово и Пехчево, како и на сите оние кои изминатите години придонеле за развојот на организацијата.
Претседателот на беровската Народна техника Евтим Гаштеовски истакна дека оваа организација има освоено над 50 проценти од наградите што се доделуваат на државно ниво.
- Во овие 70 години е вклучена огромна бројка на ученици, родители, помагачи и поддржувачи на учениците на сите натпревари. Ова е огромен придонес за општината и за регионот, имаме освојувано училишни, државни и светски награди, рече Гаштеовски.
Претседателот на Сојузот на здруженија за народна техника Зоран Тодоров посочи дека во 70-годишното постоење на Сојузот биле опфатени над 500 илјади млади иноватори.
- Народна техника успеа изминатите години да ги анимира младите иноватори, а прославувајќи го овој јубилеј се потсетуваме на сите оние кои поминаа низ нејзините редови, во 14-те регионални канцеларии во државата. На сите натпревари годишно учествуваат над 10 илјади ученици од основното и средното образование, рече Тодоров.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација