Македонија
14. January 2017 - 14:49

Народен собир кај манастириот„Св.Василиј“ на Пониква

Во вистински планински амбиент со снежна покривка од 50 сантиметри на надморска височина од 1.760 метри, голем број верници денеска го одбележаа празникот и славата на манастирот „Св. Василиј“ на терените на Пониква.

Со свечената Златоустова василева литургија чиноначалствуваа свештеници од Кочанското архиерејско намесништо по што беше скршен празничниот колач и поделен манастирскиот ручек.

Годинава на празнувањето на „Св.Василиј“ на Пониква присуствуваа голем број верници од Кочани, Пробиштип, Виница, Штип и Скопје, кои уживаа во прекрасната околина на манастирот на топлото јануарско сонце.

Годинава ручекот се делеше во конаците на манастирот кои за верниците беа изградени минатата година. Од црковниот одбор најавуваат и изградба на сместувачки капацитети за престој на гости и верници.