Живот
12. January 2018 - 11:03

Нарачала фармерки од Интернет, а во џебот нашла непријатно изненадување

Кристина Еванс со години купивала и порачувала работи од Интернет, но неодамна и се случило едно непријатно изненадување кое едноставно не  можела да го толерира.

Имено оваа медицинска сестра нарачала фармерки преку интернет а во предниот џеб, ни помалку, ни повеќе , нашла носена танга. Веднаш ја повикала слушбата за достава но не добила одговор како што очекувала, па затоа својата приказна ја објавила на Твитер.

Како медицинска сестра таа објаснила и за опасноста од ваквата случка, поточно бактериите кои може да се создадат, па после нејзината објава на Интернет се огласила и компанијата па се извинила и и спратиле нови фармерки.