Живот
17. October 2017 - 10:56

Направи вистинско шоу: Тијана како Џастин Тимберлејк во ТЛЗП!

Тијана Дапчевиќ во најновата емисија на „Твоето лице звучи познато“ се појави како Џастин Тимберлејк.

Со песната „Can’t Stop the Feeling“, Тијана растури на сцената и направи вистинско шоу.

Настапот го започна од зад сцената, па потоа се префрли пред жирито. Тијана беше непрепознатлива и доби само пофалби од жирито.