-->
-->
Направете ги овие работи и гледајте како ви растат градите!
-->
Ако имате мали гради, а не сакате да ставате силикони, постои решение. Примените ги овие совети и градите ќе ви станат црсти и полни.
Во текот на периодот на ПМС градите се поголеми и цврсти, а корпата од градникот станува совршено пополнет. Меѓутоа, овој, кај многу жени примамлив ефект, можете да го задржите во текот на целиот месец, а блогадерение на одредени намирници и трикови за природно зголемување на градите.
ХРАНА БОГАТА СО ПРОТЕИНИ
Хормоните Естроген и прогестерон имаат значајна улога во одредувањето на големината на градите. Ако сакате полни и цврсти гради, важно е на телото да му овозможите природно и зголемено лачење на овие женски хормони.
Тоа може да се постигне со помош на намирници богати со протеини како црвено месо, риба и јајца. Ако преферирате зеленчук, најбогати со протеин се квиноја, мешункасти, ореви, тофу, спанаќ и останатиот зелен лиснат зеленчук.
ХРАНА БОГАТА СО ЕСТРОГЕН
Споменатите хормони се заслужни за изглед на вашите гради, а зголемено ниво естроген може да се постигне на природен и здрав начин. Се што треба да направите е дневното мени да го збогатите со намирници кои го зголемуваат нивото на хормоните во организмот.
Намирниците кои содржат најмногу природен естроген се ленено семе и сончоглед, соја и многу намирници направени од соја, потоа јајца и мешункаст зеленчук. Истиот ефект имаат и чајот од анасон и црвена детелина.
ХРАНА КОЈА ЗГОЛЕМУВА ЦИРКУЛАИЈАТА
Зголемувањето на циркулација во вашето тело носи бројни предности. Освен убава кожа и намален целулит, здрава циркулација прави чуда и на вашите гради. Циркулацијата ја урамнотежува работата на организмот, но и лачење на хормони.
Освен вежбање и рекреација тоа може да се постигне и со намирници како лук, темна чоколада, ѓумбир, цитрус, авокадо и лубеница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата
-
ДКСК повторно ќе постапува по приговорот на Силјановска-Давкова за кршење на изборните правила
-
Експлозии во Иран, американски медиуми јавуваат за израелски напади