Бизнис
8. April 2017 - 16:39

Напорите за привлекување директни странски инвестиции продолжуваат и покрај тешката политичка криза

Напорите за привлекување директни странски инвестиции продолжуваат и покрај тешката политичка криза.

Германската компанија Франц Кил,  водечка фабрика за седишта за автобуси и возови во Европа, ќе започне со работа во јуни, а во крајната фаза панирани се 350 вработувања. Фабриката е и добавувач на Ван Хул.

– Се уште се успева барем еден дел од нив да се убедат да дојдат во Македонија. Тоа е многу важно за државата за да не дојде до економски пад што ќе се рефлектира на невработеноста и стандардот на населението. Независно што се ни прават од СДСМ мораме да останеме посветени на овој дел затоа што е круцијален за граѓаните, кои чекаат работа. Независно од се како политичка гарнитура мораме да вложиме максимални напори да продолжи трендот на отворање нови работни места, рече Груевски.

Во тек се активностите за новата фабриката на Адиент, односно Џонсон Контролс Струмица, во која ќе се вработат  1500 нови вработувања. За две недели треба да почне инсталацијата на машини и опрема за производство на навлаки за автомобилску седишта. Во моментов во браунфилд објект на компанијата вработени се 750 лица. Оваа фабрика во зоната во Струмица ќе производува на навлаки за автомобилски седишта во зоната во Струмица.

Меѓу најавените инвестиции, со градба на објектот во ТИРЗ Скопје 1 наскоро треба да почне турската Чагатај Кабло.

Во оваа зона во тек е третата фаза на италијанската Текнохозе при што  најавени се 200 нови вработувања. Американската КСС која произведува воздушни перничиња во  Кичево стигна до 1200 вработувања, a до крајот на годината се најавени уште 200

Ван хул ја завршува втората фаза од инвеестицијата и до крајот на годината треба да вработи уште 1000 работници. Актива, една од локалните компании добавувачи на белгисиот бренд,  изгради целосно нова фабрика за таа намена.

ОДВ Електрик во јуни планира да го префрли производството во новиот објект, а бројот на работници од 230 да се искачи на 1000 вработени. Гентерм досега реализирал 900 вработувања.