Фудбал
25. January 2017 - 13:01

Наполи се пласира во 1/2 финалето на италијанскиот фудбалски куп

Фудбалерите на Наполи ја победија Фиорентина со 1:0 во првиот четвртфинален дуел од Купот на Италија и се пласираа меѓу четирите најдобри во ова натпреварување.
 
Стрелец на победничкиот гол да домаќините беше Шпанецот, Хозе Каљехон во 71.минута.
 
Вечерва ќе биде познат и вториот полуфиналист по мечот во Торино каде ќе играат Јувентус и Милан. Победникот во следната фаза ќе му биде противник на Наполи. 
 
Во преостанатите два четвртфинални натпревари кои ќе се играат на 31 јануари и 1 февруари, ќе се сретнат:
 
Интер – Лацио и Рома – Чезена.