Loading Video...
Фудбал
15. March 2019 - 14:13

Наполи против Арсена, а Виљареал ќе се сретне со Валенсија во 1/4.финалето на Лига Европа

 

Откако синоќа беа одиграни реванш 1/4.финалето дуели, денеска беше извршена и ждрепката за следните две рунди во Лига Европа. 

Ждрепката донесе шпанска пресметка во која ќе играа Виљареал и Валенсија, а победникот од овој дуел во полуфиналето ќе игра против подобриот од дербито во четвртфиналната рунда меѓу Наполи и Арсенал. 

Најлесна задача се очекува да има Челзи кој во првиот осминафинален меч гостува во Прага кај Славија, а вториот го игра во Лондон.

Доколку Челзи ја оправда фаворитската улога во полуфиналето за противник ќе го има победникот од двомечот меѓу Бенфика и Ајнтрахт. 

Првите дуели од четвртфиналето во ЛЕ ќе се играат на 11 април, а реванш дуелите се седум дена подоцна (18.04.). 

Двојки за полуфинале  
 Наполи / Арсенал - Виљареал / Валенсија 

Бенфика / Ајнтрахт - Славија Прага / Челзи 

Полуфиналните пресметки се планирани за 2 и 9 мај, а финалето на 29 мај ќе се игра на „Олимпискиот стадион“ во Баку, Азербејџан.