Loading Video...
Фудбал
28. January 2018 - 17:36

Наполи прими гол по 25 секунди, но ја победи Болоња

 
Иако екипата на Болоња на гостувањето кај Наполи преку Родриго Паласио постигнаа гол по само 25.секунди игра, сепак на крајот на мечот наполитанците беа оние кои се радуваа на победата. 
 
Домаќините ја анулираа негативата веќе во петата минута благодарение на автоголот на Ибрахима Мбаје, по што на  сцена стапи Дрис Мертенс кој постигна два гола. Првиот од пенал во 37.минута, а вториот во 59-тата за конечни Наполи – Болоња 3-1. 
 
Со трите освоени бодови и вкупно 57, Наполи се врати на врвот на табелата пред Јувентус кој има 56.