Loading Video...
Фудбал
14. January 2019 - 13:22

Наполи – Милан и Интер - Лацио во 1/4-финалето на Копа Италија

Фаворитите во осминафиналната рунда на италијанскиот фудбалски куп засега ги оправдуваат очекувањата. 
 
Со победата над Сауоло со 2-0 Наполи се избори за четвртфинале во кое за противник ќе го има Милан. Убедлива победа од 6-2 над Бенвенито оствари Интер кој за место во полуфиналето ќе се бори со Лацио. 
 
Своите противници за следната рунда ги очекуваат Фиорентина и Јувентус кои со идентични 2-0 и тоа на гости беа подобри од Торино и Болоња. 
 
Кои ќе бидат нивните противници ќе дознаеме вечерва по одигрувањето на средбите, Каљари – Аталанта и Рома - Виртус Ентела.
 
Дуелите од четвртфиналето во Копа Италија се закажани за 30 јануари.