Loading Video...
Фудбал
28. November 2018 - 13:17

Наполи, Ливерпул,ПСЖ и Ц.Звезда се борат за првите две позиции

Од првата половина на групите само Барселона има осигурано пласман во осминафиналето. За второто место во директна пресметка вечерва ќе играат Тотенхем и Интер, во меч во кој на англискиот претставник потребна му е победа за да ги сочува шансите за пласман понатаму. 
 
Во рамките од А групата на Борусија Дортмунд и Атлетико Мадрид доволен им е нерешен резултат во дуелите на домашен терен против Бриж односно Монако, за германскиот и шпанскиот тим да го потврдат пласманот меѓу шеснаесетте најдобри. 
 
Најголема неизвесниот има во Ц групата, во која Наполи и Ливерпул имаат по 6, ПСЖ 5, а Црвена Звезда 4 бода, па вечерашните средби во Неапол каде гостува Црвена Звезда односно во Париз каде „Светците“ го пречекуваат Ливерпул, може само да ја икристализира или пак дополнително за комплицира борбата за првите две позиции на табелата. 
 
Во четвртата група Д, Порто кој ќе биде домаќин на Шалке може со бод да го потврди првото место, но и со евентуален кикс на Галатасарај на гостувањето во Москва кај Локомотив, португалскиот клуб ќе биде осминафиналист. Пораз на турската екипа ќе значи крај на надежите за овој клуб, но и прогрес на Шалке во нокаут фазата без разлика на резултатот од гостувањето кај Порто.