Македонија
24. August 2017 - 16:38

Наплив на питачи во двата крајезерски градови

Наплив на питачи во двата крајезерски града.

Секојдневно по улиците и плажите голем број на малолетници сами или во придружба на своите родители питачат, ваквата состојбата е најалармантна во текот на летото, кога многу од нив доаѓаат организирано од други градови.

Најчесто лицата кои што се затекнати се од Битола,Прилеп Скопје Неготино и Кавадарци.

Неодамна во непосредна близина на Женска плажа во Струга беше поставен нелегален камп кој ја нагрдува сликата на градот.

Од СВР-Охрид велат дека работат на решавање на овој проблем во изминатиот период реализирале околу 50тина акции.

И покрај изречените прекршочни пријави за нарушување на јавниот ред и мир и казни од 15 до 30 евра во денарска противредност па се до предавање на лицата во ценарот за социјални работи и протерување во своите домови питачите повторно се враќаат во туристичките центри.