Наплатата на даноците во Виница за 2016 година реализирана со 77 и 80 отсто
Во општина Виница значително се намалени приходите на општината по основ на данок од промет на недвижности, поради тоа што нема нотар во градот. Во 2016 година има намалување и во наплатата на данок на имот, а фирмарината е реализирана со 80 отсто.
Споредбено во 2015 година наплатени се 11.575.397 денари, а во 2016 година 7.384.229 денари е сумата која го полнеше Буџетот на општина Виница по основ на наплата на локални даноци минатата година.
Едногодишниот вакум во немањето нотар во градот, драстично ја скрати наплатата на данокот од промет на недвижности и данокот на наследство каде се пресметани само 612.291 денари, додека 2015 биле преку 5 милиони денари. Наплатата на данокот на имот и на комунална такса е со 77 отсто, што е за речиси 15-16 проценти намалување во однос на 2015 година, а во однос на 2014 за цели 20 отсто. Така од пресметани речиси 6 милиони денари од данок на имот, во општинската каса во 2016 се слеале 4,5 милиони денари.
Единствено зголемување со 5 отсто има во наплатата на комуналната такса, каде од планирани 2 милиони и 800 000 денари, со 80 отсто е завршена наплатата заклучно со декември 2016.
Од Одделението за финансии во Виница апелираат дека истекува рокот за поднесување даночна пријава за утврдување данок на имот за 2017 година. Рокот за поднесување е 31 јануари, а ја поднесуваат обврзниците на данок на имот-сопственици, корисници и плодоуживатели на недвижниот имот: земјишта и згради - станбени згради или станови, деловни згради и деловни простории, административни згради и административни простории, згради и станови за одмор и рекреација. Даночната пријава се поднесува во рок од 15 дена од денот на стекнувањето на имотот, односно настанувањето на даночната обврска, за имотот што се стекнува или почнува да се користи во текот на годината.
На даночните обврзници кои нема да поднесат даночна пријава во определениот рок, им се изрекува глоба за сторен прекршок, во согласност со Законот за даноците на имот.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО