Живот
2. March 2016 - 15:26

Напишал писмо до поранешната девојка: Ако ти ја ампутираат ногата, ќе ја пресечам и јас мојата

Амел Велиќ од Сараево напишал писмо до својата поранешна девојка Низама, овие зборови ќе ве натераат да се расплачете. 
 
Амел својата безгранична љубов ја преточил во зборови и оваа љубовна порака ја испратил на девојката која се лекува во Турција и чека да се оперира. 
 
Драга Низама. 
 
Овој момент кога сакаш да напишеш нешто, а прстите ти се кочат. Почнуваш, а море од тага и болка во облик на солза минува низ моето лице. Се сеќавам кога бевме една душа, а две тела. Таа твоја насмевка, амојата  „чупава“, тоа немирно дете во тебе кое не сака да порасне. Секоја ноќ ме чекаше будна да дојдам од работа. Твојот повик: Човеку кога ќе дојдеш дома? Застана времето. Луѓе. Ветер. Дожд. Невреме. ... Живот не удри со мачна судбина и засекогаш не раздели. 
 
Ти реков кога бев кај тебе на посета во болница, дека едноставно не можам да те преболам бидејќи кога ти си во прашање заборав не постои. Само се навикнуваш. Кога двајца ќе се разделат, тоа не е крај. Не се смета тоа љубов моја со кој ќе шеташ, покрај кого се будиш. Се смета само кога ќе ги сетиш кога ќе погледнеш покрај себе додека срцето лудо ти чука во градите. Рането и повредено... но силно. Како ти: Замина во Турција, со божја волја. Со помошта на Алах ќе проодиш пак. 
 
Ќе направм се и понатаму да одиш по животот, да трчаш пред мене како некогаш кога те бркав, па кога ќе те стигнам ќе те прегрнам и ќе те бакнам. Не ми е срам. Ќе просам. Ќе продадам се што имам. Ќе ограбам банка. И да одам доживотно затвор, не ми е гајле, но ти ќе одиш и понатаму ќе трчаш со своите нозе, па макар ниту еден твој чекор да не се на патот кој води до мене.
 
Ни смрт не значи крај. Љубовта живее вечно. Знам дека често мислиш нашата љубов да ја погребаме и таа роза која била најубава да пркоси на доджт, невремето и ветерот. Да ја симболизира нашата љубов. Многумина се виновни за нашата разделба, но верувам дека горе на небото ќе бидеме сите на куп. Заедно со нашето бебе чие раѓање не  го дочекавме. 
 
Знам дека најмногу ме отргнуваше од себе бидејќи знаеше дека поради шеќерот не можеш да имаш деца, а знаеше дека премногу сакаме да имаме дете. Но ни поради тоа не би те оставил. Ти си била дете кое на нас Господ ни го немаше подарено. Во тебе имав се. Се сеќаваш на клупата во Босан каде бевме безгрижни? Те носам таму често, во своето срце. Седам и гледам. Те здогледувам. Немаш поим како ми е убаво со тебе. Не се откажувај несудена љубов моја, бори се. Ако умрам пред тебе, ќе ти подготвам поголем дом и поголема љубов. Горе на небото нема игли, болници, доктори, солзи. Само мир и љубов. 
 
Не се откажувај бебе. За инат на себе. Ти си мојот борец. Овој свет за тебе е боречка арена. Ќе победиш еден ден. Ќе го кренеш пехарот за инат на сите. Танцувај мила. Како преубава поларна светлост Aurora Borealis која на небесата го танцува својот најубав танц и покрај сите земјини тежи која  со сите сили се обидува да ја привлечат кон себе и да ја прикријат со темна боја. Во Господ се колнам, ако ти ја ампутираат ногата и јас ќе ја пресечам својата. Ние сме сити, само живееме во погрешно време на погрешно место.